Достапни линкови

Најкоментирани младите политичари и борците од НОБ


Борците со февруарски поход на плоштад
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Борците со февруарски поход на плоштад

Колумните на шефовите на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Диме Спасов и Дарко Давитковски, како и информацијата за прославата на годишнината од Февруарскиот поход на борците од НОБ се најкоментирани текстови на нашата интернет страница.

Текстовите во нашата младинска он-лајн колумна, на младите лидери на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Диме Спасов и Дарко Давитковски, кои главно се однесуваат на актуелната политичка криза и прашањето за избори, но секој од свој партиски агол, предизвикале, да се каже вистината, дрва и камења против младиот вмровец.
Каква дрскост, па ова е уште една причина да го искористам моето право на глас и да го поништам гласачкото ливче!
Коментар од читател.

Шефовите на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Диме Спасов и Дарко Давитковски.
Шефовите на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Диме Спасов и Дарко Давитковски.
Сашо го обвинува Спасов за преголема самоувереност нарекувајќи го „босо момче“ па дури налутено вели: „Каква дрскост, па ова е уште една причина да го искористам моето право на глас и да го поништам гласачкото ливче!“. Полат Алемдар, потоа, некој потпишан со „Тебе“, па Дејан, Перо... му порачуваат на Спасов да се врати во реалниот свет, дека народот не може повеќе да се лаже, дека веројатно главен ментор на Спасов му е Илија Димовски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, му препорачуваат да прочита малку за тоа што значи демократија, зашто неговиот лидер и партијата ја сотреле...
Оваа недемократска власт сака по свој терк медиуми, институции, опозиција. Е, нема да ѝ помине, зад опозицијата стои народ, свесен и жеден за промени!
Коментар од читател.

Но некој Милан смета дека на земјава ѝ било подобро без опозиција, Димитар вели: „Оваа недемократска власт сака по свој терк медиуми, институции, опозиција. Е, нема да ѝ помине, зад опозицијата стои народ, свесен и жеден за промени!“.

Инаку, човек просто да не верува колку нашите слушатели и посетители се чувствителни на поновата наша историја, онаа од НОБ, кои беа некако тргнати настрана и маргинализирани. Информацијата за „Февруарскиот поход на борците од НОБ на скопскиот плоштад“ поттикна цел куп реакции - на страната на борците, а против редовниот Миле од Охрид, кој надокрај си го открива идентитетот признавајќи дека не е член на ВМРО-ДПМНЕ, дека е син на партизани, но кои по војната биле осудени на Голи Оток и одземање на имотот и ги обвинува борците дека се ставиле во служба на, цитирам, „уличните герилци“ и дека секогаш ќе се борел против промената на името.

Дрен му порачува дека сега ќе има тотално едноумие што ќе „му одговара на вашиот ментален склоп и оти на референдум самиот ќе си го смениш името оти така ќе ти биде наредено“ - како што пишува. Некој Леонид смета дека протестот бил организиран од квазиликови кои 60 години уживале во материјалните привилегии на „комунистичкиот режим“, а Кире му возвраќа дека треба да чита повеќе и го прашува до толку ли успеале властодршците да му го исперат мозокот, па да ги затвора очите пред фактите. Кире полемизира и со Сашо и Димче, кои сметаат дека борците одамна изумреле, а овие денес биле „безлични луѓе“ и дека СДСМ застанувал зад секој протест па после се тврдело дека не бил политички. Кире, порачувајќи им да читаат малку повеќе за податоците во странските архиви и библиотеки, им пишува: „Новата историја што ни ја крои пастирот наизуст ја знаете, не од што сакате, од што морате“.
XS
SM
MD
LG