Достапни линкови

Српските власти откриле заговор за уривање владин авион


Ивица Дациќ
Српските власти соопштија дека откриле заговор на „криминални групи“ за уривање владин авион, кој превезува српски лидер. Според српското МВР „одредени криминални групи“, кои соработуваат со лица, кои имаат пристап до владините авиони, планирале да предизвикаат дефект за време на посета на странство на претседателот Томислав Николиќ, на Премиерот Ивица Дачиќ или на лидерот на Српската прогресивна партија Александар Вучиќ.
Српското МВР соопшти дека премиерот Дачиќ, кој е и министер за внатрешни работи сепак одлучил синоќа да се качи на еден од двата владини авиони на враќање од Даблин за Белград. Дачиќ е во центарот на скандал за поврзаност со осомичени трговци на дрога по серијата написи во српскиот печат овој месец, кои ја потресоа владината коалиција.
Тој призна дека се сретнал со Родољуб Радуловиќ, познат како Миша Банана во 2008 и 2009 година, но демантираше дека сторил нешто што е против законите. Според Дачиќ, тој е цел на „сили кои се обидуваат да ја спречат борбата на Владата против организираниот криминал и корупцијата“.
XS
SM
MD
LG