Достапни линкови

Десетици милиони хиндуси се мијат од гревовите во реката Ганг


Архивска фотографија.
Десетици милиони хиндуси денеска се капат во водите на реката Ганг во религиозен ритуал за миење на гревовите. Денеска е еден од најважните денови од 55-дневниот Кумб Мела фестивал, што е еден од најголемите религиозни собири во светот. Се проценува дека во реката Ганг во околината на градот Алахабад во северна Индија ќе се искапат околу 30 милиони луѓе. Околу 7.000 полицајци се распоредени во градот да се грижат за јавниот ред и мир. За хиндусите, Ганг е света река, но е многу загадена.
XS
SM
MD
LG