Достапни линкови

Вељаноски на Молитвен појадок


Претседателот на македонскиот парламент Трајко Вељаноски
Претседателот на македонскиот парламент Трајко Вељаноски е меѓу гостите на денешниот Молитвен појадок што во Вашингтон го организира американскиот претседател Барак Обама. Вељаноски вчера во Вашингтон имаше средби со неколкумина американски конгресмени на кои станало збор за продлабочување на односите меѓу двете земји. По средбата со Вељаноски, конгресменот и претседател на Комисијата за поддршка на демократијата Дејвид Прајс истакнувајќи ја седумгодишната соработка со македонскиот парламент оцени дека Македонија е клучна демократија на Балканот и како таква може да биде пример за другите земји во регионот.
XS
SM
MD
LG