Достапни линкови

Нов самоубиствен напад во ирачкиот град Таџи


Таџи, Ирак
Во самоубиствен напад со автомобил бомба врз еден воен контролен пункт во ирачкиот град Таџи, загинале двајца војници и двајца цивили, соопштија ирачките власти. Во инцидентот биле повредени 14 лица, а засега никој не ја превзел одговорноста. Ова е втор самоубиствен напад во Таџи, кој е на 20 километри од Багдад, во последниве два дена. Вчера, во сличен напад загинаа 22 лица.
XS
SM
MD
LG