Достапни линкови

Родителите на убиените се соочија со обвинетите во „Монструм“


Архивска фотографија.
Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжи судењето за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро на 12 април минатата година. На денешното рочиште, родителите и најблиските на убиените побараа казна за сторителите, а дополнително ќе се произнесат колкава отштета ќе бараат доколку биде утврдено оти обвинетите се виновни. Денешното судско рочиште траеше кратко. Роднините по завршувањето на рочиштето не сакаа да дадат изјави. Судењето за „Монструм“ треба да продолжи во четврток.
XS
SM
MD
LG