Достапни линкови

Ослободувањето на Харадинај од Хаг е конечно


Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Рамуш Харадинај.
Ослободителната пресуда на Хашкиот трибунал за поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Рамуш Харадинај, е конечна, а предметот е заклучен бидејќи на оваа пресуда немаше жалба, соопшти денеска Трибуналот. Освен Харадинај, конечно се ослободени и поранешните припадници на ОВК, Идриз Балај и Лахи Брахимај. Тројцата во ноември минатата година, на крајот на делумно повтореното судење, беа ослободени од вина за злосторства врз српски, албански и ромски цивили сторени во логорот на ОВК во Јабланица во 1998 година.
XS
SM
MD
LG