Достапни линкови

Ракометарите очекуваат најмалку осминафинале на Светското


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Влез во осминафиналето, а потоа и борба за пласман меѓу најдобрите 10 на Светското првенство во Шпанија, очекуваат македонските ракометари.

Да се обезбеди место во осминафиналето, а потоа од меч во меч да се атакува за пласман меѓу 10-те најдобри во светот. Со вакви амбиции македонската машка ракометна репрезентација го очекува стартот на СП, кое од 11 до 27 јануари ќе се одржи во Шпанија.
Ние веруваме во самите себе, знаеме дека сме добра репрезентација, дека имаме квалитет. Можеби немаме 16 квалитетни репрезентативци како што имаат некои од типот на Данска, Хрватска, Франција, но нам овој систем на натпреварување мислам дека ни одговара, два дена за ред играње, еден ден пауза. Ќе одиме натпревар по натпревар, како ќе одминуваат деновите јас се надевам дека ќе ја добиваме таа потребна самодоверба и ќе прикажуваме поквалитетни игри, едноставно да го дадеме најдоброто од нас, да се бориме до крај и на крајот ќе правиме анализи.
Кирил Лазаров, капитен на машката ракометна репрезентација.

Во националниот тим се убедени дека без посериозен проблем ќе ја исполнат првата цел, бидејќи за влез меѓу 16-те најдобри доволно ќе е четвртото место во групата во Севиља, каде што ќе ги одмериме силите со Данска, Русија, Исланд, Чиле и Катар. Последните две селекции, а наши први противници(в сабота и недела) важат за аутсајдери, што, дополнето со поволниот распоред, според капитенот Кирил Лазаров, влева надеж за оптимизам пред ова наше трето учество на еден Мундијал (претходно во Египет во 1999 и во Хрватска во 2009 година).
Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија на 23 јануари 2012 година.
Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија на 23 јануари 2012 година.

„Ние веруваме во самите себе, знаеме дека сме добра репрезентација, дека имаме квалитет. Можеби немаме 16 квалитетни репрезентативци како што имаат некои од типот на Данска, Хрватска, Франција, но нам овој систем на натпреварување мислам дека ни одговара, два дена за ред играње, еден ден пауза. Ќе одиме натпревар по натпревар, како ќе одминуваат деновите јас се надевам дека ќе ја добиваме таа потребна самодоверба и ќе прикажуваме поквалитетни игри, едноставно да го дадеме најдоброто од нас, да се бориме до крај и на крајот ќе правиме анализи“, рече Лазаров, според кого Македонија, како петта од ланското ЕП во Србија, има сили за нов историски пласман на Мундијалите, односно за надминување на 11 место, освоено пред 4 години во Хрватска.
Полуфинале. Кога можеа во Ниш, можат и сега.
Анкетиран граѓанин.

Поради нашите претходните непријатни искуства, тој, сепак, не сака да каже дали го дели мислењето во домашната јавност, дека имаме квалитет за влез барем во четвртфиналето. Капитенот не се откажува и од поголем успех, но смета дека во овој момент таквите најави би биле контрапродуктивни.

„Јас би сакал да бидеме и поуспешни, ако се може зошто да не? Меѓутоа најлошо од сè е да калкулираме и да создаваме еуфорија, затоа што ние со таа еуфорија не знаеме да се носиме. Затоа сакам да ги оставиме работите да се одвиваат, затоа што само така во минатото сме биле најдобри и сме постигнувале успех. Кога сме калкулирале, кога сме правеле математики, овој игра, нема да игра, вака ќе биде, онака ќе биде, никогаш немаме направено успех. Така што, да оставиме работите да се одвиваат спонтано“, додаде Лазаров.

За разлика од него, многу поголеми оптимисти во изјавите се љубителите на спортот. Тие не само што очекуваат најдобар пласман досега, туку се надеваат и на медал.

„Најмалку второ место во групата. Конечниот пласман, до кај петто место верувам дека ќе бидеме.“

„Полуфинале. Кога можеа во Ниш, можат и сега.“

„Македонија е мала држава, меѓутоа имаме квалитетни играчи. Верувам дека ќе бидеме трети на Светското првенство“, изјавија анкетираните граѓани.
XS
SM
MD
LG