Достапни линкови

Две години затвор за твитер-навреда врз емирот на Кувајт


Eмирот Шеик Шабан ал-Ахмад ал-Шабан.
Опозициски активист во Кувајт е осуден на две години затвор за објавување пораки на твитер кои се сметаат за навредливи за владетелот на оваа богата со нафта заливска земја. Осудениот 26-годишен Рашид ал-Енези веднаш по пресудата е однесен во затвор. Тој е прв осуден од десетиците активисти и поранешни пратеници што се уапсени откако почна гушењето на опозицијата во пресрет на парламентарните избори што се одржаа минатиот месец. Повеќе од 200 активисти се соочуваат со судски процеси за низа обвиненија меѓу кои и за критикување на на емирот Шеик Шабан ал-Ахмад ал-Шабан. Емирот ужива уставна заштита од критики.
XS
SM
MD
LG