Достапни линкови

Дочек на Новата година во Македонија


Македонците ја дочекаа новата година на плоштадите, во рестраните и во кафулињата, а голем број и во семејна атмосфера. Новата 2013 година на плоштадот „Македонија“ беше дочекана со многу забава и музика, како и со традиционален спектакуларен огномет. Забавата траеше до раните утрински часови.
Традиционално, дочекот на Новата година беше во организација на Градот Скопје, со поддршка на Т-Мобиле и Т-Хоме.
Настапија музички ѕвезди од Македонија, составот Нокаут, Тамара Тодевска, Роберт Саздов, Тони Зен, Аделина Таири, Дани, Бени, како и познати македонски диџеј ѕвезди.
Точно на полноќ небото над Скопје го осветли спетакуларен шестминутен огномет, овозможен од двете компании.
XS
SM
MD
LG