Достапни линкови

Руски опозиционер обвинет за проневера


Рускиот опозициски активист Алексеј Навални.
Рускиот опозициски активист Алексеј Навални, еден од најекспонираните водачи на протестите против претседателот Владимир Путин, е обвинет за милионска проневера и за перење пари. Рускиот истражен комитет соопшти дека 36-годишниот Навални е обвинет дека проневерил скоро 1,8 милиони долари од транспортна компанија, со тоа што натплатил 1,8 милиони евра за поштенски услуги. Тој се соочува со затвор од две години. Обвинет е и неговиот брат Олег. На браќата Навални им е забрането да ја напуштат Москва. Тие ги негираат обвинувањата. Адвокатот и анти-корупциски блогер Алексеј Навални претходно изјави дека обвиненијата се одмазда за неговата улога во организирањето на протестите против Путин.
XS
SM
MD
LG