Достапни линкови

Фајон - Лажните азиланти, опасност за визната либерализација


Известувачот на ЕП за визна либералзиација Тања Фајон.
Известувачот на ЕП за визна либералзиација Тања Фајон денеска повторно предупреди на проблемот на лажни азиланти и на опасноста дека поради тоа може да биде суспендиран безвизниот режим, но нагласи дека во ЕУ не е постигната согласност околу воведувањето на таквиот механизам.

Три години по воведувањето на безвизниот режим за Србија, Македонија и Црна Гора, шест земји на ЕУ и потписници на Шенгенскиот договор - Германија, Франција, Белгија, Луксембург, Холандија и Шведска - побараа во случај на злоупотреба да се укине безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.

Претставници на Европскиот совет, Комисијата и Парламентот вчера не успеаја да се договорат околу механизмот за суспензија на безвизниот режим.
XS
SM
MD
LG