Достапни линкови

СДСМ се чисти од непослушни или се консолидира?


Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Партиските превирања во опозициската СДСМ, ќе се одразат врз целата политичка сцена. Може да дојде и до блокада на престојните избори, велат упатените.

Oдлуките на најголемата опозициска партија во земјава може да се одразат на различни начини, коментираат дел од упатените по одлуката на СДСМ да исклучи двајца членови од партиските кругови, откако најави дека постои можност за бојкот на догодинешните избори.
За да изгради стратегија за тоа како опозиција да се соочува со предизвиците кои стојат пред секоја опозиција,очигледно нема стремност кај врвот на партијата за тие насоки и кај мене се наметнува дилемата дали тие не знаат тоа да го прават или не сакаат тоа да го прават.
Димитар Бузлевски, поранешен член на СДСМ.


Поранешниот премиер и лидер на опозиционерите Владо Бучковски ја опиша одлуката за негово исклучување како „брз суд“, додека Димитар Бузлевски вели дека неговото исклучување требало да се случи во општинската организација.

„Но во тоа не успее и затоа го направија на Централен одбор во форма на политички диктат. Таа одлука е од днeвно политичка природа, за потребите на поединци во врвот на партијата. Јас останувам тоа што сум бил, но се прашувам дали тие се тоа што беа.“

Моите сугестии беа, партијата да се позанимава самата со себе, да направи една успешна коалиција внатре во организацијата, вели Бузлевски.
Јас ги погледнав препорачите, таму нема ништо спорно за власта, освен што се бара од нејзе да се откаже од можноста за злоупотреба за сопствената позиција, така што јас се надевам, се уште постои надеж дека власта и опозицијата ќе се договорат за изборните правила и дека нема да се случи бојкот, а ако не се договорат тогаш навистина не знам.
Петар Арсовски, политиколог.


„За да изгради стратегија за тоа како опозиција да се соочува со предизвиците кои стојат пред секоја опозиција, очигледно нема стремност кај врвот на партијата за тие насоки и кај мене се наметнува дилемата дали тие не знаат тоа да го прават или не сакаат тоа да го прават.“

Ваквите обиди може да се интерпретираат како обид за консолидација, вели политикологот Петар Арсовски.

„А и во насока на тоа дека опозицијата веќе најави некава радикализација на своето дејствување, мислам дека тие исклучувања се во насока на тоа. А што се однесува до позицијата на опозицијата, да ви кажам дека мене во основa не ми пречи да видиме малку пулс и од таа страна, не ми пречи малку поостра и пожестока дебата.“

Најавите за радикализација во контекст на изборите се врзани за забелешките на меѓународните организации, потсетува Арсовски.

„Јас ги погледнав препорачите, таму нема ништо спорно за власта, освен што се бара од нејзе да се откаже од можноста за злоупотреба за сопствената позиција, така што јас се надевам, се уште постои надеж дека власта и опозицијата ќе се договорат за изборните правила и дека нема да се случи бојкот, а ако не се договорат тогаш навистина не знам, тоа е веќе прашање на политичка стратегија кај власта и кај опозицијата.“

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изјави дека одлуките за исклучување на членови биле донесени едногласно. Тој додаде дека неговиот лидерски мандат трае до конгресот што ќе се одржи на крајот на мај или на почеток на јуни идната година.
XS
SM
MD
LG