Достапни линкови

Бан Ки Мун во посета на Ирак


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска е во Багдад на разговори со ирачките власти. Тој претходно престојуваше во Кувајт. Се наведува дека првиот човек на Светската организација е во мисија на решавање на голем број отворени прашања што останаа откако во 1990 година Ирак изврши инвазија врз Кувајт. Се очекува да се разговара и за односите меѓу ирачките власти и властите и автономиот курдски регион кои бараат поголема политичка и економска моќ.
XS
SM
MD
LG