Достапни линкови

Сириската влада тврди дека не би употребила хемиско оружје


Сириски бегалци се обидуваат да ја преминат турската граница
Сириската влада соопшти дека никогаш и под никакви услови не би користела хемиско оружје против својот народ. Ваквиот став го соопшти денеска сириското министерство за надворешни работи откако американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека можноста претседателот Башар Ал Асад да употреби хемиско оружје е „црвената линија “ која треба да го потикне Западот на акција. Таа тоа го изјави за време на нејзината посета на Прага.
Експертите сметаат дека во Сирија се наоѓа најголемите резерви на хемиско оружје на Блискиот Исток. Во изминативе 20 месеци откако започна конфликтот во Сируја загинаа над 40 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG