Достапни линкови

Западните сили на разговори за иранската нуклеарна програма


Иранска постројка за збогатување на ураниум.
Во Брисел денеска ќе се состанат шестте светски сили на разговори за контроверзната нуклеарна програма на Иран. Претставници од Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД ќе разговараат за плановите да се одржи нова рунда разговори со Техеран. Годинава се одржаа три рунди на преговори, но не доведоа до било како чекор напред. Иран ги негира западните обвиненија дека произведува нуклеарно оружја, но одбива да запре со збогатување на ураниумот како што диктираат резолуциите на Советот за безбедност на ОН, поради што се соочува со санкции. Минатиот месец Европската унија ги засили рестрикциите за трговија со Техеран и забрани увоз на иранскиот гас. Се уште е на сила и ембаргото за увоз на нафта од Иран. Во извештајот на ОН од овој месец се наведува дека Иран ги шири активностите за збогатување на ураниум.
XS
SM
MD
LG