Достапни линкови

Неделен печат - Медиуми и евроинтеграции


Илустрација.
Илустрација.

Фокус пишува за продажбата на ТВ Алфа, Република ги анализира пораките од митингот на опозицијата во Скопје, а Глобус пишува за евроинтеграциите.

Од изобилството наслови и теми во домашниот неделен печат за почеток на овој преглед ги издвојуваме оние од Фокус: „Груевски најде лек за уште еден критички медиум - Дали Штерјо морал да ја трампа ТВ Алфа за да го задржи Фершпед, откако скопскиот суд донесол одлука за поништување на неговата приватизација и за да остане на слобода?“ – насловува неделникот и додава дека по Република, која има газда од Белизе, сега и Алфа ТВ стана медиум купен од оф-шор компанија од Холандски Антили.
Груевски најде лек за уште еден критички медиум - Дали Штерјо морал да ја трампа ТВ Алфа за да го задржи Фершпед, откако скопскиот суд донесол одлука за поништување на неговата приватизација и за да остане на слобода?
Фокус.

„Спомениците го изедоа наталитетот - наместо Скопје 2014, во Македонија можеше да има 150.000 деца повеќе“ - анализира Фокус.
Логото на ТВ Алфа
Логото на ТВ Алфа

Република го објавува одговорот на епископот Агатангел до српскиот владика Иринеј, по повод континуираните напади кон МПЦ од страна на епископот Бачки: „Иринеј молчи за геј-паради, а зборува против МПЦ-Охридска архиепископија“.

„Опозицијата во напад - последната битка на Црвенковски“ - гласи насловот на анализата во Република по митингот на здружената опозиција на Плоштадот Македонија и искажаните ставови на лидерот на СДСМ.
Европа се обидува да ја гледа земјава со розови очила,[...] а забелешките за судството, корупцијата, слободата на медиумите и сиромаштијата и невработеноста остануваат и понатаму.
Глобус.

Граѓански на насловната објавува дека Субрата Рој, кој важи за сигурен инвеститор во Македонија во бизнисот со хотели, е осуден во Индија за финансиски манипулации и сега треба да враќа 4,5 милијарди долари на околу 30 милиони инвеститори-штедачи.

„Власта го клати идентитетот на Македонците“ – вели во интервју за Граѓански професор Љубомир Фрчкоски.

Електронското издание на Глобус ја објавува анализата на Македонскиот центар за европско образование на последниот, „најпозитивен“(во наводници) извештај што Македонија го доби од Европската комисија: „Европа се обидува да ја гледа земјава со розови очила, се обидува дел од проблемите да ги претумба во други поглавја, да ги маргинализира или да не ги гледа, а забелешките за судството, корупцијата, слободата на медиумите и сиромаштијата и невработеноста остануваат и понатаму“. Глобус се осврнува и на појавата на зачестени барања азил од страна на нашите Ромите во западноевропските држави со нагласок дека тоа е всушност пауза во нивната сиромаштија.

Глобус исто така прашува како најпознатиот идеен творец на речиси сите споменици и згради од Скопје 2014, Валентина Стевановска станала невидлива за Управата за јавни приходи, а заработила милионски суми евра за нив?
XS
SM
MD
LG