Достапни линкови

Киргистан: 7 години казна затвор за киднапери на невести


Киргистанска невеста
Киргистанските пратеници дебатираат денеска за измени во закон со кој ќе зголеми максималната казна за киднаперите на невести од три на 7 години. Поддржувачите на новата легислатива сметаат дека со тие измени ќе се подобри заштитата на правата на жената како и дека ќе се намали бројот на бракови склучени со малолетни девојки. Според податоците на активистите за човекови права во Киргистан 12 илјади девојчиња и млади жени се киднапирани и присилени да стапат во брак. Активистите сметаат дека со тоа што им е наметна брак на девојчињата им е одземено правото за образование.
XS
SM
MD
LG