Достапни линкови

Ракетите на Северна Кореја можат да ги погодат САД


North Korea
Северна Кореја соопшти дека поседува ракети кои можат да го погодат копното на САД.
Портпаролот на Националната Комисија за одбрана изјави дека ракетите можат да ги достигнат САД, Јужна Кореја и Јапонија.
Ова соопштение на Пјонгјанг доаѓа по објавата на Јужна Кореја дека постигнала договор со САД за зголемување на дострелот на балистичките ракети од 300 на 800 километри со што Сеул ќе може да ги достигне сите цели на северниот сосед. Засега нема докази дека Северна Кореја има извршено успешни тестови на ракети од долг дострел.
XS
SM
MD
LG