Достапни линкови

Палестинците се подготвуваат за локални избори


Махмуд Абас
Палестинците се подготвуваат за локалните избори кои треба да се одржат на нивнатa територија на 20 октомври годинава. Денеска стартува првата изборна кампања во регионот по 2006-тата година. Палестинската изборна комисија соопшти дека кампањата ќе трае 13 дена, а на изборите ќе учествуваат околу 5 илјади кандидати, голем дел од нив се членови на владеачката партија Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Околку илјада жени се на избирачката листа од кои голем дел се независни кандидати. Исламската група Хамас која го контролира Појасот Газа се противи на гласањето.
Изборната кампања се одвива во време на социјални немири кога жителите на Западниот залив протестираат против високите животни трошоци.
XS
SM
MD
LG