Достапни линкови

Ерменија тврди дека Азербејџан се подготвува за војна


Ерменскиот претседател Серж Саркисијан
Ерменскиот претседател Серж Саркисијан го обвини Азербејџан дека се подготвува за војна околу Нагорно Карабах, терторија во Азербејџан која е под контрола на Ерменија. Во интервју за агенцијата Ројтерс тој изјави дека Азербејаџан „грозничаво“ се вооружувал што покажувало дека се подготвува за нова војна. Сепак, Саркисијан изрази надеж дека е можно мирно решение на проблемот. Двете земји над две децении се во конфликт околу Нагорно Карабах каде што од 1994 година се одржува кршливо примирје.
XS
SM
MD
LG