Достапни линкови

Обраќање на претседателот Иванов на заседанието на ГС на ОН


Иванов вчера се сретна со Бан Ки Мун
Во Њујорк продолжува 67-то годишно заседание на Генералното Собрание на ОН. На третиот ден обраќање ќе има Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Вчера Иванов се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој го информирал за разговорот што го водел со грчкиот премиер Андонис Самарас за спорот меѓу Македонија и Грција за името и најавил дека и со други активности ќе поттикнува решавање на спорот.
Во рамките на заседанието за денеска се најавени обраќањата на грчкиот премиер Самарас, како и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на палестинскиот претседател Махмуд Абас.
XS
SM
MD
LG