Достапни линкови

СРД не сака да одлучува што е семејство


Канал 77.
Канал 77.

Сметам дека е најдобро да бидам воздржан во оваа ситуација со Горан Гаврилов, поради еве овие дилеми кои се појавуваат. Ако тоа е стриктно правно прашање, се знае кој ги толкува законите, вели потпретседателот на СРД Миљаим Фетаи.

Многу нејаснотии во процедурата за спроведување на членот 11 од законот за радиодифузна дејност, според кој основачи на телевизии не можат да бидат функционери ниту членови на нивните семејства. Оттаму и некои од нив сè уште не знаат како ќе постапат, иако рокот им истекува на крајот од месецов.
Jас сметам дека е најдобро да бидам воздржан во оваа ситуација со Горан Гаврилов, поради еве овие дилеми кои се појавуваат во смисла на ова што вие го зборувате и затоа не бев ни против, ни за. Затоа што, ако тоа е стриктно правно прашање, тогаш не е на Фетаи да го толкува правното прашање. Се знае кој ги толкува законите.
Миљаим Фетаи, потпретседател на СРД.

Сопственикот на Канал 77 Горан Гаврилов сè уште нема одговор дали може да ја префрли сопственоста на својот син бидејќи сите членови на советот гласале воздржано за ова негово барање. Јасен одговор што е решението во ваков случај не добивме ниту од потпретседателот на советот, Миљаим Фетаи.

„Апсолутно, јас сметам дека е најдобро да бидам воздржан во оваа ситуација со Горан Гаврилов, поради еве овие дилеми кои се појавуваат во смисла на ова што вие го зборувате и затоа не бев ни против, ни за. Затоа што, ако тоа е стриктно правно прашање, тогаш не е на Фетаи да го толкува правното прашање. Се знае кој ги толкува законите.“
Мојот татко сака да даде оставка, но јас не сакам така. Јас искрено не се препознавам во тој член, но до петок ќе реагираме, затоа што очигледно дека тоа беше насочено кон Сител, Канал 5 и Горан Гаврилов.
Емил Стојменов, сопственик на телевизијата Канал 5.

Гаврилов тврди дека не може да се препознае ниту во законот ниту во писмото доставено од Советот за радиодифузија во кое било само назначено дека радиодифузерите кои ќе се препознаат во членот 11 од законот треба да се прилагодат кон него до наведениот рок, иако од него тоа и се очекува.

„Тоа е негов проблем кој веќе 15 години го има. Сега ја променува сопственоста, можел да го направи тоа пред три години, пред пет или пред шест или кога сестра му станала пратеничка, а не Фетаи да го размислува тоа или Советот“, вели Фетаи.

Гаврилов е убеден дека во целата постапка главната смисла е политичка и се однесува на притисок неговата сестра, пратеничката од СДСМ, Билјана Казанџиска да си даде оставка.

„Главна цел е до крајот на оваа недела да игра на истекување на рок за да може Казанџиска да си даде оставка. Главна цел е да ги ротираат пратениците“, вели Гаврилов.

До петок Гаврилов вели ќе изнајде решение, според кое нема да остави простор да му биде одземена лиценцата за работа, но нема да се откаже и од барањето да му се даде правно толкување за неговото претходно барање, кое, според него, формално-правно е потполно чисто и што, како што вели, потврдила и правната служба во советот претходно.

Иако со целата постапка и особено со толкувањето на деловите од законот кој се однесува на толкувањето кој сè спаѓа во членови на семејството, до 30 ќе се прилагоди на законот и сопственикот на Канал 5 телевизија, Емил Стојменов, бидејќи тоа го разбира како барање од ЕУ на кое мора да се одговори.

„Мојот татко сака да даде оставка, но јас не сакам така. Јас искрено не се препознавам во тој член, но до петок ќе реагираме, затоа што очигледно дека тоа беше насочено кон Сител, Канал 5 и Горан Гаврилов“, изјави Стојменов.
XS
SM
MD
LG