Достапни линкови

Поделбата на Косово - домино ефект на Балканот


Графит во северниот дел на Косовска Митровица.
Графит во северниот дел на Косовска Митровица.

Опасни се и самите изјави, а камо ли евентуална реализација на идејата за поделба на Косово, едногласни се македонските експерти, откако српскиот премиер Ивица Дачиќ рече дека тоа е еднинственото решение на проблемот со Косово.

Опасни се и самите изјави, а камо ли евентуална реализација на идејата за поделба на Косово, едногласни се македонските експерти по последната изјава на српскиот премиер Ивица Дачиќ кој за првпат ја изнесува од позицијата премиер. Српскиот врв само бара решение кое би им го спасило образот, но секаква реализација во праксата би значело прекројување на границите со истите крвави сценарија и последици кои сме ги виделе и во минатото на територијата на Балканот. Тука декларираните политики имаат дури и малку значење, вели аналитичарот Исмет Рамадани.
И теоретски и практично е неизбежно тоа што Албанците од Македонија и од другите држави во соседството ќе се вклучат во тој конфликт и тоа ќе биде поширок конфликт.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

„И теоретски и практично е неизбежно тоа што Албанците од Македонија и од другите држави во соседството ќе се вклучат во тој конфликт и тоа ќе биде поширок конфликт.“
Архивска фотографија: Српски блокади во северно Косово.
Архивска фотографија: Српски блокади во северно Косово.

Косовскиот политички врв реагираше на изјавата на српскиот премиер. Поделбата на Косово може да предизвика тектонски пореметувања на Балканот, рече косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи, со додавка и дека независноста на Косово е компромис и не е оптимумот кој го сакаат Албанците.
За нив не е доволно ако само се подели северот на Косово и отиде кон Србија. Тие децидно ќе бараат компензација за тој дел од територијата за која мислат дека им припаѓа ним. Ако бараат компензација, тоа ќе биде или тоа што тие го нарекуваат Источно Косово, значи Прешевската Долина, или ќе биде Македонија.
Стево Пендаровски, политички аналитичар.

Аналитичарот Стево Пендаровски анализира зошто Македонија при евентуална поделба на Косово би била првата колатерална штета.

„За нив не е доволно ако само се подели северот на Косово и отиде кон Србија. Тие децидно ќе бараат компензација за тој дел од територијата за која мислат дека им припаѓа ним. Ако бараат компензација, тоа ќе биде или тоа што тие го нарекуваат Источно Косово, значи Прешевската Долина, или ќе биде Македонија.“

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека опасноста произлегува и од идејата за голема Албанија која на Балканот е сè уште жива.

„Има структури кои на тоа сериозно работат, и тоа не само во регионот тука и пошироко. Според тоа, тоа не е никаква теорија или нешто измислено, туку за жал е една реалност.“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во една изјава напомена дека никој не може да гарантира за случувањата во Македонија доколку дојде до поделба на Косово. Ваквата изјава не треба дури ни да се толкува како израз на желба туку само како согледување на реалноста, вели Стево Пендаровски. Сепак, експертите се едногласни и дека за ваквата идеја не треба да се зборува, како и тоа дека таа нема поддршка во демократскиот свет и е малку веројатно дека може да се реализира.
XS
SM
MD
LG