Достапни линкови

Кацин - потребни се измени во Уставот на Србија


Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин.
Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин денеска изјави дека е потребно да се менува Уставот на Србија. Toj вели дека тоа и станува се поочигледно и на српската јавност, после одлуката на Уставниот суд за укинување на 23 надлежности на Војводина.

„ На Србија и е потребен модерен уставен акт, кој ќе овозможи децентрализација, ќе ја дефинира Србија како граѓанска земја и ќе им овозможи на локалните заедници да преземат одговорност за побрз развој“, рече Кацин.

Кацин вели дека војводинското прашање е отворено „уште од кога беше укината автономијата во 1989 година“, оценувајќи дека така и ќе остане се „додека не се обезбеди адекватна политичка, административна и економска автономија на Војводина“.

Во однос на Косово, Кацин повтори дека ЕУ од Србија бара брза примина на досегашните договори и продолжување на дијалогот во врска со прашањата околу телекомуникациите, енергетиката и северот на Косово.
XS
SM
MD
LG