Достапни линкови

Кризата во Сирија главна тема во ОН


Бегалци од Сирија
Генералниот Секретар на ОН Бан Ки Мун изјави вчера дека кризата во Сирија ќе биде главната тема на следната седница на ОН, на која ќе присуствуваат лидерите на сите држави. Тој апелира за продолжување на дипломатските напори во меѓувреме за окончување на кризата. Бан Ки Мун ги повика сирискиот претседател Башар Ал Асад и бунтовниците да му помогнат на специјалниот пратеник на ОН и Арапската Лига Ландар Брахими да изнајде политичко решение за кризата.
Тој во својот говор се осврна и на протестите во исламскиот свет против навредливиот филм за пророкот мухамиед и ги осуди верските провокации, но ги осуди и оние кои како одговор на тие провокации ја заостриле состојбата.
XS
SM
MD
LG