Достапни линкови

Пакистан - петок ден за изразување љубов кон пророкот


Протести пред американската амбасада во Пакистан.
Пакистанската влада денеска ги повика муслиманите во земјата овој петок да го прогласат за официјален „ден на изразување на љубов кон пророкот.“ Овој потег доаѓа како одговор на нискобуџетниот филм направен во САД што предизвика гнев кај муслиманите во светот, затоа што го навредува пророкот Мухамед. Неколку исламски партии во Пакистан повика на протести во петок за да го изразат својот бес против филмот „Невиноста на муслиманите.“ Околу 20 луѓе се убиени во муслиманските земји по објавувањето на филмот на интернет.
XS
SM
MD
LG