Достапни линкови

Берлин му забрани влез на контроверзниот пастор Тери Џонс


Контроверзниот американски пастор Тери Џонс
Берлин му забрани влез во Германија на контроверзниот американски пастор Тери Џонс по протести низ муслиманскиот свет предизвикани од анти-исламскиот филм. Германското Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека посетата на Џонс нема да биде во „интерес на одржување на јавниот ред.“ Џонс предизвика смртоносни протести низ муслиманскиот свет во 2010 година, кога ги објави плановите за јавно спалување на Куранот. Џонс, исто така, го поддржа провокативниот нискобуџетен филм „Невиноста на муслиманите“, кој резултираше со нов бран смртоносна демонстрации.
Една мала група наречена „Про Дојчланд“, сака да донесе Џонс во Берлин и да одржат проекција на анти-муслиманскиот филм.
XS
SM
MD
LG