Достапни линкови

Победи за македонските репрезентации на крајот од Шаховската Олимпијада


Илустрација.
Во Истанбул денеска заврши шаховската Олимпијада. Златото кај мажите им припадна на Ерменците, на второ место завршија Русите, а Украина го освои бронзениот медал. Златото на женскиот турнир го освои Русија, Кина е на второто место, а Украина е трета.

Македонските шаховски репрезентации во машка и во женска конкуренција последното 11.коло ги завршија со победи. Мажите ја совладаа Шкотска, а женските беа подобри од Порторико.
Шахистите Олимпијадата ја завршија на 38.место со скор од 6 победи, 1 нерешен резултат и 4 порази, а пред почетокот беа 49-то рангирани. На крајот женската репрезентација заврши на 66. место (по 5 победи и порази и 1 нерешен резултат), приближно на својот рејтинг пред Олимпијадата (беше рангирани на 68 место).
XS
SM
MD
LG