Достапни линкови

Стурнарас - Државна плата во Грција до 1.900 евра


Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.
Грчкото Министерство за финансии предлага платите на државните службеници да не надминуваат 1.900 евра, пренесе АНА-МПА. Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас синоќа, во одговор на прашање на пратеник, изјави дека платите на службениците во државните претпријатија и агенции во Грција, заедно со евентуалните додатоци и помош, не треба да надминуваат 1.900 евра месечно.

Стурнарас прецизира дека во оваа сума нема да се вклучени премиите за Великден и Божик.

Грчката коалициска влада работи на новиот пакет мерки за штедење во вредност од 11,5 милијарди евра за 2013-14 година, што е баран од кредиторите од другите земји од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG