Достапни линкови

Бан Ки Мун го критикуваше Иран за заканите кон Израел


Средба на Бан Ки Мун со Ајатолахот Али Хаменеи во Техеран, 30.08.2012
Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун ги критикуваше иранските лидери за нивното негирање на Холокаустот и за изјавите дека Израел не треба да постои. Во обраќањето на самитот на неврзаните во Техеран, Бан Ки Мун истакна дека заканите на една земја членка на Обединетите Нации кон друга дека треба да биде униптена, се тотално погрешни. Тој истовремено го предупреди Иран дека меѓународните тензии со иранската нуклеарна програма можат да дегенерираат во војна.
XS
SM
MD
LG