Достапни линкови

Литванија постхумно го одликува Елцин


Првиот претседател на Русија Борис Елцин.
Литванија постхумно му додели награда на првиот претседател на Русија Борис Елцин. Елцин е одликуван со највисокиот државен медал на честа за неговата поддршка на литванската независност и придонесот за развојот на билатералните односи меѓу двете поранешни советски републики. Орденот на вдовицата на Елцин и го предаде претседателката Далија Грибаускаите на церемонијата во Вилнус. Таа рече дека Елцин, можел да ги разбере аспирациите за независност и ја подржувал Литванија.
Литванија, Естонија и Латвија беа дел од Советскиот Сојуз, а сега се членки на Европската унија и НАТО. Елцин беше на чело на Русија од декември 1991 до декември 1999 година. Тој почина во 2007 година на возраст од 76 години.
XS
SM
MD
LG