Достапни линкови

Воините на кош си заминуваат


Македонската рпрезентација по победата над Литванија во четвртфиналето на ЕП во кошарка во Литванија.
Македонската рпрезентација по победата над Литванија во четвртфиналето на ЕП во кошарка во Литванија.

Станува збор за незаменливи репрезентативци кои се докажани во европски рамки, па нивното повлекување ќе биде сериозен удар за националниот тим. Но, селекторот Марјан Лазовски не се согласува дека на репрезентацијата и се заканува повеќегодишна криза.

Само месец и половина откако не успеа да се пласира на Олимписките игри во Лондон, македонската кошаркарска репрезентација се соочува со генерален ремонт. Ова не е резултат на одлука на Федерацијата или на селекторот за подмладување на селекцијата која лани го освои четвртото место на ЕП во Литванија, туку на повлекувањата од националниот тим (поради приватни причини) кои преку медиумите ги објавија Тодор Гечевски, Владо Илиевски и капитенот Перо Антиќ.
Tоа е нивно право, нивна желба и сите нивни права и желби ние ќе ги испочитуваме до крај. Меѓутоа, јас како селектор на репрезентацијата би сакал да разговарам лично и со Перо и со Влатко, затоа што репрезентацијата ја очекува настап на ЕП во Словенија каде што сме директно пласирани и мислам дека постои момент каде што може да се разговара и да се зборува со нив во однос на нивните понатамошни настапи за репрезентацијата..
Марјан Лазовски, селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Иако за вакво нешто се шпекулираше изминатите неколку месеци, оваа одлука на тројцата репрезентативци, изненади многумина. Меѓу нив е и селекторот Марјан Лазовски, според кого, само Гечевски пред и по турнирот во Венецуела рекол дека ја завршува репрезентативната кариера, а другите не му најавиле дека ќе се откажат од настапите во дресот со државниот грб. Затоа, тој е убеден дека не се работи за нивна конечна одлука и верува дека ќе успее да ги предомисли барем уште една година да настапуваат во црвено - жолтиот дрес.

„Тоа е нивно право, нивна желба и сите нивни права и желби ние ќе ги испочитуваме до крај. Меѓутоа, јас како селектор на репрезентацијата би сакал да разговарам лично и со Перо и со Влатко, затоа што репрезентацијата ја очекува настап на ЕП во Словенија каде што сме директно пласирани и мислам дека постои момент каде што може да се разговара и да се зборува со нив во однос на нивните понатамошни настапи за репрезентацијата“, рече Лазовски.
Илузурно е да се зборува колкава празнина ќе се створи во репрезентацијата. Меѓутоа, македонската репрезентација постоела и ќе постои.
Марјан Лазовски, селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Сепак, тој е свесен дека минимални се шансите за драстична промена на одлуката на Гечевски, Антиќ и на Илиевски, како резултат на што, сега или во блиска иднина, сериозно ќе биде променет ликот на репрезентацијата. Станува збор за цела деценија незаменливи репрезентативци кои се докажани во европски рамки, па нивното повлекување ќе биде сериозен удар за националниот тим. Но, за разлика од многумина, Лазовски не се согласува дека на репрезентацијата и се заканува повеќегодишна криза, односно дека немаме други кошаркари со кои и во иднина ќе постигнуваме забележителни резултати.

„Илузурно е да се зборува колкава празнина ќе се створи во репрезентацијата. Меѓутоа, македонската репрезентација постоела и ќе постои. Знаеме, многу играчи се имаат откажано од настапите во репрезентацијата, да почнеме од Петар Наумоски, Врбица Стефанов, браќата Боцевски, Перо Блажевски, Диме Тасовски .... Меѓутоа, репрезентацијата се обновува и имаме играчи кои ќе ги наследат овие извонредни играчи што се откажуваат во моментов и има играчи што ќе играат за репрезентацијата на високо ниво“, додаде селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски.
XS
SM
MD
LG