Достапни линкови

Самит на Организацијата за исламска соработка


Организација за исламска соработка
Со повик за обединување на Муслиманите,Саудискиот крал Абдула го отвори самитот на Организацијата за исламската соработка. На средбата во Ријад се очекува да биде доминантна тема кризата во Сирија. Во меѓувреме се уште трае препораката на министрите за надворешни работи на организацијата да го суспендира членството на Сирија во 57 земји од муслиманскиот блок. Тунискиот претседател Монцеф Марзуки назначен од страна на слободно избрано уставотворно собрание по револуцијата во Тунис минатата година, го нарече самитот остра акција против Сирија. Меѓу присутните на Самитот е и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Саудиска Арабија ги поддржа бунтовниците кои се спротиставија на сирискиот лидер Башар Асад, кој пак го поддржува Иран.
XS
SM
MD
LG