Достапни линкови

Тужба против Мадона во Русија


Од концертот на Мадона во Санкт Петерсбург
Полицијата во Санкт Петерсбург соопшти дека покренала истрага против Мадона за кршење на законот со кој е забрането јавно пропагирање на хомосексуалноста. Мадона, на нејзиниот концерт во Санкт Петерсбург, на 9-ти август, се заложи за толеранција на хомосексуалците и зборуваше за опасноста од општествата во кои сите луѓе не се третирани со респект и дигнитет. Анти-геј активисти поднесоа тужба против Мадона, а градските власти се заложија таа или организаторите на концертот да се појават на суд.
XS
SM
MD
LG