Достапни линкови

Панета- против Иран сите опции се на маса


Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета.
Американскиот секретар за одбрана, Леон Панета го предупреди Иран дека на маса се сите опции, вклучувајќи и воена сила, само да се сопре нејзиното нуклеарно наоружување. Панета е во посета на Израел. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак вели дека се слаби резултатите од западните санкции против Иран и дека нема да придонесат многу Техеран да се откаже од своите нуклеарни активности. Панета денеска треба да се сретне и со премиерот Бенјамин Нетанјаху. И на нивниот разговор тема ќе биде нуклеарната програма на Техеран.
XS
SM
MD
LG