Достапни линкови

Индискиот премиер го посети регионот зафатен од меѓуетнички судири


Индискиот премиер Манмохан Синг.
Индискиот премиер Манмохан Синг вети дека ќе им помогне на стотиците илјади жртви од крвавите меѓуетнички судири на крајниот североисток на земјата во кои загинаа 53 луѓе. Синг денеска допатува во областа Кокраџар каде што се случија најжестоките пресметки меѓу припадници на народот Бодо и муслиманските доселеници во државата Асам. Индискиот премиер им вети парична помош на семејствата на настраданите.

Судирите ги поттикна минатонеделното убиство на четворица припадници на народот Бодо. Судирите сега се под контрола, а илјадници војници патролираат низ регионот. Поради судирите, околу 400 илјади луѓе ги напуштија домовите, а илјадници куќи направени од дрво и од слама се срамнети со земја.
XS
SM
MD
LG