Достапни линкови

Уште еден починат од пожарот во Струмица


Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје
Четириесет и шестгодишниот вработен во „Македонски шуми“, со тешки изгореници од пожарот кај Струмица, почина попладнево на Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, информираа од Клиниката. Тој е брат на претходно починатиот 50-годишен пациент, исто така, вработен во „Македонски шуми“. Двајцата имаа изгореници на над 90 отсто од телото, а починаа во временска разлика од еден час.Уште еден од повредените во пожарот се бори за живот и е во исклучително тешка општа состојба. На Клиниката синоќа беа хоспитализирани петмина повредени. Повреденото дете со 40 отсто изгорена површина од втор и трет степен се наоѓа во стабилна општа состојба.
XS
SM
MD
LG