Достапни линкови

Шпанскиот Премиер објави нови мерки за штедење


Шпанскиот премиер Мариано Рајоа
Шпанскиот премиер Мариано Рајоа објави нова серија мерки за штедење кои на задолжената Шпанија треба да и донесат заштеда од 65 милијарди евра во следниве неколку години.
Се предвидува зголемување на ДДВ то од 18 на 21 насто, намалување на божиќните бонуси, елиминација на некои даночни олеснувања и редукција на бенефициите за невработените. Рајоа пред Парламентот изјави дека шпанската позиција е слаба поради сериозната рецесија.
Овие мерки се дел од договорот за пакетот помош од еврозоната која на Шпанија ќе и обезбеди 100 милијарди евра. Шпанија првите 30 милијарди треба да ги прими во текот на овој месец.
XS
SM
MD
LG