Достапни линкови

Хилари Клинтон пристигна во Лаос


Клинтон во Ханој пред посетата на Лаос 11.07.2012
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во Лаос во кратка, но историска посета на земјата која е 57 години под комунистичка власт.
Клинтон ќе разговара за прашањата како што се американската артилерија која таму остана по Виетнамската војна која заврши во 1975 година и за токсичните ефекти на хемиските отрови користени против комунистичкиот режим од страна на американците.
Таа ќе се сретне со министерот за надворешни работи Тхонглоун Сисоулит и со премиерот Тхонгосинг Тхамавонг.
XS
SM
MD
LG