Достапни линкови

Русија не сака да дискутира за иднината на Асад со САД


Башар Ал Асад
Руските власти одлучија да не ја дискутираат иднината на сиријскиот претседател Башар Ал Асад со официјален Вашингтон. Рускиот заменик – министер за надворешни работи Сергеи Рјабков ја даде изјавата во одговор на медиумски извештај во кој се наведува дека западните нации на чело со САД „активно се обидуваат“ да ја убедат Москва да му понуди престој на Башар Ал Асад. Демантот се случува пред средбата на западната група Пријатели на сирија. Русија одби да испрати свој претставник на состанокот во Париз.
XS
SM
MD
LG