Достапни линкови

Италија-Шпанија во финалето во Киев


Италија е вториот финалист на ЕП во фудбал, откако синоќа во полуфиналето во Варшава ја совлада репрезентацијата на Германија со 2-1. Двата гола за Италија ги даде Марио Балотели во првото полувреме. Германија даде гол од пенал во деведесетата минута, но само за ублажување на поразот. Италија во финалето во Киев в недела ќе игра со Шпанија, која во полуфиналниот дуел беше поуспешна од Португалија.
XS
SM
MD
LG