Достапни линкови

Нападнати канцеларии на „Мајкрософт“ во Атина


Зградата на Мајкрософт во Атина
Непознати сторители денеска нападнаа канцеларии на „Мајкрософт“ во Атина кога со комбе влегоа низ предната врата и го запалија влезот на зградата, јави МИА од Атина.
Полицијата соопшти дека тројца напаѓачи прво му се закниле на ноќниот чувар, а потоа влегле со комбето во зградата. Напаѓачите истуриле запалива течност по подот и ја запалиле.
Во пожарот изгорело и комбето за кое е утврдено дека било украдено. Никој не ја презеде одговорност за нападот. Властите соопштија дека претходно не бил упатен предупредувачки повик. Истрагата за нападот е предадена на грчкиот антитерористички оддел.
XS
SM
MD
LG