Достапни линкови

Португалија прв полуфиналист на ЕУРО 2012


Кристијано Роналдо го постигна единствениот гол
Фудбалерите на Португалија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство што се игра во Полска и во Украина. Во првиот четвртфинален натпревар синоќа во Варшава тие ја совладаа репрезентацијата на Чешка со 1:0, со голот на Кристијано Роналдо во 79 минута.
Во полуфиналето Португалија се среќава со победникот од дуелот Шпанија- Франција.
Вечер на програмата е второто четвртфинале. Во Гдањск играат Германија и Грција.
XS
SM
MD
LG