Достапни линкови

Рускиот брод со воена опрема не стигна до Сирија


илустрација
Рускиот брод Алаед, на кој наводно се пренесуваат репарирани хеликоптери за Сирија, го смени курсот и се упати назад кон Русија, потврди британскиот секретар за надворешни работи Вилјам Хејг. Британска компанија соопшти дека ја поништила осигурителната полиса за бродот поради тоа што транспортот на воена машинерија било во спротивност со политиката на фирмата. Поништувањето на полисата спречува понатамошна пловидба, се` додека сопственикот не обезбеди ново осигурување.
XS
SM
MD
LG