Достапни линкови

Кина испрати прва жена астронаут во вселената


Лиу Јанг, прва жена астронаут во Кина
Кина денеска ја испрати првата жена астронаут во вселената. Астронаутката Лиу Јанг и уште двајца членови на екипажот беа лансирани денеска од космодромот во пустината Гоби и треба нивниот вселенски брод Шензоу 9 да го спојат со вселенскиот модул, кој Кина го лансираше во минатиот септември. Овој лет се смета за клучен во плановите на Кина да изгради вселенска станица до 2020-та година. Двајца од астронаутите ќе останат во модулот за да го тестираат престојот во него, а третиот ќе остане во капсулата Шензоу 9.
XS
SM
MD
LG