Достапни линкови

Формиран нов руски комитет за соработка


Владимир Путин
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за формирање на посебен оддел во неговиот кабинет кој ќе биде задолжен за социјални и економски односи со земјите од комонвелтот на независни држави како и сепаратистичките грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија. Рускија ја призна независноста на двете територии по кратка војна со Грузија во 2008 година. Трупи од Москва се стационирани во двете сепаратистички региони. Руските власти одржуваат блиски врски со сепаратистите во Абхазија и Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG