Достапни линкови

Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија, ЕУ


Министерот за надворешни работи Никола Попоски
Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на Мешовитиот заеднички комитет меѓу Македонија и ЕУ. На состанокот излагања ќе имаат шефот на дипломатијата Никола Попоски и Фернандо Џентилини од Советот на ЕУ, како и Александра Кас-Грање директор на Директоратот кој е задолжен за Македонија при Европската комисија. Предвидена е размена на мислења за реформите во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво, вклучително и за економските состојби, како и за регионалното управување со отпад и употребата на алтернативни извори на енергија.
XS
SM
MD
LG