Достапни линкови

Осум земји ги избркаа сиријските дипломати


Инцидентот во Хула предизвика остри меѓународни реакции. Меѓународната заедница вели дека станува збор за масакар.
Франција, Британија, Германија, Шпанија, Италија и Австрија, како и Канада и Соединетите американски држави ги избркаа сиријските дипломати во координиран протест против масактрот во Хула. Во инцидентот загинаа 108 лица од кои повеќето жени и деца. Набљудувачите на Обединетите нации во земјата ја обвинија сиријската армија за убиствата, тврдејки дека постојат јасни докази за инволвираност на владини тенкови и артилерија. Сведоци и опозициски активисти тврдат дека лојалистите на претседателот Башар Ал Асад извршувале и егзекуции во градот. Официјален Дамаск, од друга страна за инцидентот обвинува опозициски бунтовници кои ги нарекува терористи.
XS
SM
MD
LG