Достапни линкови

Николиќ: Моја идеологија е и ЕУ и Русија


Томислав Николиќ
Новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ изјави дека придружувањето на Србија во Европската Унија е доведено во прашање поради кризата на проширувањето и еврото кое е се послабо од ден во ден. Сепак тој истакна дека Белград треба да продолжи да работи на патото кон Унијата, но истовремено да не и врти грб на Русија.
"Ветив дека Србија ќе ја однесам на патот кон кој никој нема да може да каже дека ние не сакаме да влеземе во Европската Унија. Но вистина е дека светот е многу поголем. Мојата победа е победа на идеологиите на ЕУ и Русија, а не ЕУ или Русија," изјави Николиќ.
XS
SM
MD
LG